Скопје е најевтиниот град за живот во Европа, според студијата за цената на живеењето во светот што ја изработи глобалната консалтинг компанија Мерсер, јавува дописникот на МИА од Париз. Во Европа најскапа за живот е Москва, следна од Женева, Цирих, Берн и Осло. На ниво на целиот свет најскап е Токио, а меѓу првите десет најскапи градови има уште два јапонски града, Осака и Нагоја. Најдолу на листата се наоѓа Карачи во Пакистан. Скопје се наоѓа 207. место на листата. Поскапи од Скопје за живење се Тирана на 205 и Сараево на 201 позиција. Проценката на Мерсер е направена по проучувањето на над 200 производи и услуги, како на пример цените на закупнините, јавниот превоз, забавата, прехранбените производи, производите за одржување на личната и куќната хигиена, облеката итн.
Скопје е најевтиниот град за живот во Европа, според студијата за цената на живеењето во светот што ја изработи глобалната консалтинг компанија Мерсер, јавува дописникот на МИА од Париз.
Во Европа најскапа за живот е Москва, следна од Женева, Цирих, Берн и Осло. На ниво на целиот свет најскап е Токио, а меѓу првите десет најскапи градови има уште два јапонски града, Осака и Нагоја. Најдолу на листата се наоѓа Карачи во Пакистан.
Скопје се наоѓа 207. место на листата. Поскапи од Скопје за живење се Тирана на 205 и Сараево на 201 позиција.
Проценката на Мерсер е направена по проучувањето на над 200 производи и услуги, како на пример цените на закупнините, јавниот превоз, забавата, прехранбените производи, производите за одржување на личната и куќната хигиена, облеката итн.
Резултатите од студијата се користат од мултинационалните компании и владите во целиот свет како база за да се утврдат надоместоците кои им се даваат на нивните вработени кога заминуваат да живеат во странство.